Connect with us

Фудбал

Михајловиќ за инцидентот со Гасперини: Да го впереше прстот кон мене, ќе останеше без него

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ по поразот од 1:0, зборуваше за инцидентот со тренерот на Аталанта, Гасперини.

-Ако имам проблем со неговата клупа, тогаш ќе разговарам со него и би требало така да биде и обратно. Нема да толерирам некој да помине покрај мене и да вика на оние кои што се наоѓаат на мојата клупа. Тоа е недостаток на почитување кон мене и тоа не е во ред, изјави Михајловиќ и додаде:

-Не смее да помисли да ги навредува моите играчи на клупата, инаку ќе се налутам, а тоа ќе донесе проблеми. Не е во ред да се впери прстот кон мојата клупа, да го впереше кон мене, веројатно ќе останеше без него, заврши Михајловиќ.