Поврзи се со нас

Фудбал

Мијатовиќ остро го критикуваше Зидан поради тоа што го остави Лука Модриќ на клупата

Поранешниот играч на Реал Мадрид и пензиониран репрезентативец на поранешна Југославија, односно на Србија и Црна Гора, Предраг Мијатовиќ, остро го коментираше новото оставање на Лука Модриќ на клупата на Реал Мадрид на важен натпревар.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан одлучи да го остави Модриќ на клупата на почетокот на натпреварот во последните три важни натпревари. Тоа го стори против Барселона и Борусија Менхенгладбах, а во вторникот и против Интер.

„Падот на играта на Реал во второто полувреме е неприфатлив во вакви игри. Не ја разбирам одлуката на Зидан да го остави Лука Модриќ на клупата на почетокот на натпреварот. И покрај неговата возраст, тој сепак е врвен играч. Се сомневам дека Тони Крос е многу подобар од Модриќ. Во најважните натпревари не игра и тоа секако е многу фрустрирачки за Лука“ – изјави Мијатовиќ.

Да потсетиме, Модриќ постигна гол против Барселона, со што се реши прашањето за победникот, а со неговото блегување во игра против Борусија, Реал ги претвори 0:2 во 2:2. Исто така, при неговото влегување во игра, Реал го постигна победничкиот гол за 3:2. По три одиграни кола во Лигата на шампионите, Реал Мадрид е на третото место во поредокот со четири бода, додека лидер е Борусија Менхенгладбах со пет бода.

loading...

Facebook