Connect with us

Други спортови

Мик Шумахер преговара со Ферари

Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, Мик, би можел да стане тест пилот на Ферари, вели „Аутоспорт“. Според информација на медиумот, младиот Шумахер ќе потпише договор со „Скудерија“, а ќе биде дел од академијата на тимот и ќе земе учество во тестовите на Формула 1 во текот на сезоната.

Се очекува во наредните денови Ферари официјално да го објави договорот со германскиот пилот. Деветнаесет годишниот Мик Шумахер ја освои титулата во Формула 3 во октомври минатата година. Во 2019 година пак се очекува да дебитира во Формула 2 со Према.