Connect with us

Други спортови

Мик Шумахер се шокирал кога му ја соопштиле веста, а пристигнал коментарот: „Храбар како татко“

Возачот на Хаас, Мик Скумахер, направи одлична трка за ГП на Австрија.

Синот на легендарниот Михаел Скумахер го постигна резултатот во кариерата и го освои шестото место, што воедно е и најдобар резултат на Хаас во актуелната сезона.

Шуамхер имаше неколку маестрални потези на патеката, средината на трката се издвојува кога престигна дури четворица возачи во еден свиок.

За време на трката ги претекна гигантите како Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон и на тој начин докажа дека може да се справи и со најдобрите мајстори на Формула 1.

По трката пристигна наградата за возач на денот, а кога организаторите му ја соопштија веста, Шумахер Јуниор не можеше да поверува, но сите беа на мислење дека тој го заслужува тој епитет. Неговата реакција стана хит, а можете да ја погледнете ТУКА.

Храбар како татко, ќе се прослави како татко“, е еден од коментарите.

Сигурно оваа сезона од кариерата на Мик Шумахер нема да помине незабележана и веќе можеме да го очекуваме во друг тим и подобар болид од следната сезона.