Други спортови
Мик Шумахер: Тоа може да се случи побрзо отколку што мислите
Мик Шумахер, син на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, во моментов се натпреварува во Формула 2 со италијанскиот болид Према. Сепак, од Франкфурт, каде што беше присутен на церемонијата на доделување на наградите, тој изјави дека нема да одбие покана за Формула 1, без разлика кој тим би го побарал тоа.
„Не беше лесна сезона, напротив. Секој ден, со секоја трка што ја учиме се подобруваме во овој спорт и за тоа што нè чека во иднина. Оваа сезона сфатив колку е важно да не се откажуваме“, рече Мик Шумахер.
„Ако добијам понуда од Формула 1, не би ја одбил. Значи, мојот трансфер во Формула 1 следната сезона е целосно можен“.
Мик Шумахер е исто така пилот на Академијата за Ферари.