Фудбал
Микаил Фaјe, запомнeте го ова име, Барселона даде милиони на хрватски второлигаш, а му стави клаузула од неверојатни 400.000.000 евра!
Микаил Фaјe, запомнeте го ова име! Наскоро би можеле да го гледате во составот на Барселона!
Хрватскиот второлигаш Кустошија го продаде на Барселона Микаел Фаје, 18-годишниот стопер од Сенегал. Иако првите информации говореа дека е продаден за 1.750.000 евра, тоа всушност е само првата рата за овој одличен стопер. Всушност, Барселона е должна да плати 5.000.000 евра за дефанзивецот од Африка, а малиот загрепски клуб покрај тие пари ќе добие и 20 отсто од следната продажба. И тоа може да биде многу пари!
Покрај сето тоа, има цела низа бонуси кои се очекува да бидат исплатени, а колку Каталонците го ценат Фаје покажува и фактот што потпишал договор со откупна клаузула од неверојатни 400.000.000 евра! Покрај сето ова, Кустошија за секои седум натпревари што Фаје ќе ги одигра за Барселона ќе добива 1.000.000 евра, а таа сума ќе се искачи до 10.000.000 евра. А ако се знае дека Фаје добил покана за подготовките на првиот тим, не е невозможно загрепскиот тим на крајот да инкасира над 15.000.000 евра на овој играч!