Connect with us

Фудбал

Милан ги изненади гигантите од Европа, подготвени да се борат за овој играч

Златан Ибрахимовиќ останува главна цел на Милан, но патот кон иднината на напред може да биде различен.

Марио Манџукиќ и Ерлинг Халанд, сензационална идеја. Според „Кориере дело Спорт“, Милан размислува да се вклучив о трката за норвешкиот напаѓач, кој е одличен во Лигата на шампионите со Салцбург.

Јувентус, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Манчестер Јунајтед веќе долго време го следат 19-годишникот.

Халанд ќе го напушти австрискиот клуб за 30 милиони евра, а „Росонерите“ би можеле да му понудат договор од 5 милиони евра сезонава.

Операцијата може да се оствари и благодарение на добрата врска што ја имаат „Росонерите“ со Мино Раиола.