Фудбал
Милан ги предизвикува ривалите за талентот на Барселона
Со почетокот на сезоната во Барселона, Жан-Клер Тодибо се покажа како ветувачки талент. Сепак, 20-годишниот дефанзивец чувствува недостаток на време поминато на терен за понатамошно подобрување на неговите квалитети и пронаоѓање на постојаност.
Ова е приучината поради која се работи за можен, дури и привремен, трансфер. Како што пренесуваат италијанските медиуми, токму клубот од Милан го следи дефанзивецот, но нема да биде лесно.
Според „Sky Sports UK“, „Росонерите“ ќе треба да го оспорат Монако. Клубот сака да ги забрза процедурите за „киднапирање“ на играчот на Барселона во јануари, и да ги остави „Росонерите“ со празни раце.