Connect with us

Фудбал

Милан го бараше во летото, Кореа ја открива вистината – еве зошто не отиде во Италија!

Еден од најбараните играчи на Милан во летниот преоден рок беше несомнено Анхел Кореа. За Аргентинецот се шпекулираше за можното префрлување во Милан, но на крајот тој остана со Атлетико Мадрид.

Поминаа неколку месеци откако Кореа во признание за „Онда Церо“ ја посочи причината за останување во Атлетико, повикувајќи се на Милан, при што напаѓачот кажа дека неговата желба и желбата на Атлетико беше профолжување на неговата кариера во Мадрид.

„Беше чудно и тешко за моето семејство, бидејќи се навикнавме на живото во Мадрид. Го сакам Атлетико. Точно е дека Милан ме бараа, но клубот одлучи дека треба да останам овде и тука сум, давајќи се од себе. Знаев дека има некои клубови кои ме следат, но за среќа продолжувам да бидам во Атлетико и сум среќен поради тоа. Имам многу работи за да се подобрам, но и да му дадам на овој тим. Се надевам дека ќе имаме добра година“.