Фудбал
Милан го изостави Златан од планот за намалување на трошоците?
Милан, наводно, е подготвен за „финансиски исклучоци“ со цел да го задржи Златан Ибрахимовиќ на Сан Сиро. Сепак, конечната одлука на Златан да остане или да замине ќе зависи од можните промени на клупата на „росонерите“.
Gazzetta dello Sport тврди дека директорот Иван Газидис е подготвен да го исклучи Златан од планот за економски кратења што се однесува на остатокот од тимот и клубот, и смета дека финансиските аспекти на можно проширување на соработката (според договор) со искусен шведски напаѓач ќе бидат испочитувани.
Сега, наводно, Ибрахимовиќ е поблизу да се согласи да ја прошири соработката со Милан, но конечниот одговор за договорот сепак ќе зависи од иднината на „спортскиот проект“ на „Сан Сиро“.
Ибрахимовиќ пристигна во Милано во јануари и потпиша шестмесечен договор со можност за продолжување на соработката за дополнителна година.
Иако во доцни години, Ибрахимовиќ сигурно го даде својот придонес во составот и клубот е подготвен да стори сé што може за да го задржи напаѓачот на „Сан Сиро“ барем уште една сезона.
Треба да се напомене дека се појавија информации дека Ибрахимовиќ не сака да остане во Милано затоа што Газидис планира промени на тренерска позиција и спортскиот сегмент на клубот.
Така, иднината на Златан на „Сан Сиро“ може да зависи од тоа дали тренерот Пиоли и техничкиот директор Малдини остануваат во клубот или Газидис ќе ги „избрка“…