Connect with us

Фудбал

Милан го купи Алексис Салемакерс

Милан започна со „пазарување“ ова лето.

Росонерите објавија дека е откупен договорот на Алексис Салемаекерс, Белгиец, кој од јануари е на позајмица во клубот од Андрелехт.

Тој успеа да запиша само четири натпревари за клубот во Серија А, но тоа беше доволно за да ги задоволи вкусовите на челниците на клубот и да добие договор.

Десниот крилен играч потпиша четиригодишен договор, а Милан за него плати 3,5 милиони евра.

21-годишниот фудбалер е првиот трансефр на Милан ова лето, а клубот се очекува наскоро да го реши статусот на другите играчи на позајмица. Во преден план, се разбира, е Златан Ибрахимовиќ, чија судбина е сè уште непозната.

Росонерите вечерва излегуваат на теренот во натпреварот од 29. коло од Серија А, во кој играат против СПАЛ.