Connect with us

Фудбал

Милан го растури Наполи во Серија А, следуваат нивни пресметки во ЛШ, еве што вели Пиоли

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, го пофали својот тим за прикажаната игра синоќа против Наполи (4:0).

– Задоволен сум од победата, но ова е само првиот чекор. Ни претстојат уште девет натпревари во лигата кои треба да се одиграат со истиот став. Ни избегнаа премногу бодови. Овој резултат нема да влијае на натпреварите во Лигата на шампионите, има сосема поинаков турнир со друга атмосфера. Ние внимателно ќе ја проучуваме оваа игра и ќе размислиме за следната. Беше важно да победиме и да станеме лидери во борбата за место во Лигата на шампионите, изјави Пиоли.

На 12 април Милан токму против Наполи ќе се соочи во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.