Connect with us

Фудбал

Милан го сруши Лацио на „Олимпико“ во 93-та минута, во Серија А „мртва“ трка за титулата (ВИДЕО)

Милан на Олимпико го совлада Лацио со 2:1 во 34. коло од италијанската Серија А, а херој беше Сандро Тонали кој го постигна победничкиот гол во третата минута од продолжението. „Росонерите“ беа подобар ривал на овој натпревар, а на крајот, натпреварот беше решен во третата минута од продолжението. Лацио добро го отвори натпреварот. Чиро Имобиле го искористи одличното додавање на Милинковиќ-Савиќ во четвртата минута и погоди за 1:0.

Лацио имаше уште неколку опасни напади, но во остатокот од натпреварот Милан доминираше. Гостите на секој начин се обидуваа да стигнат до целта, но на одмор заминаа со водство на „небесносините“ од 1:0.

Сепак, по само пет минути игра во вториот дел „Росонерите“ израмнија. Одлична работа заврши Рафаел Леао, Оливие Жиру одлично следеше и погоди за 1:1.

До крајот на мечот апсолутна доминација на гостите од Милано. Шансите беа една по друга, се погодуваше рамката на голот, Стракоша беше одличен на голот, а во 93. минута гостите дојдоа до победа.

Златан Ибрахимовиќ ја пропушти топката за Тонали, а играчот од средниот ред на Милан постигна гол за победа од 2:1.

Милан со овие три бода ја продолжува мртвата трка за скудетото со градскиот ривал Интер. Имаат два бода повеќе, а Интер има натпревар помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore