Фудбал
Милан го засилува интересот за Даглас Луис
Милан е се позаинтересиран за играчот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луис. Шампионот на Италија е во потрага по централен играч од средниот ред и се насочи кон 24-годишниот Бразилец откако не успеа да го ангажира Ренато Санчез од Лил . Сега газдите на клубот подготвуваат сериозна понуда за него, тврди „Тутоспорт“.
Милан е подготвен да повлече 20 милиони евра за правата на Луис. Се уште не е јасно дали оваа понуда ќе биде прифатена од Астон Вила. Покрај тоа, менаџерот Стивен Џерард нема желба да се раздели со овој играч.
Сепак, Милан напорно работи на трансферот, откако веќе имаше состанок со претставниците на играчот. Се вели дека двете страни ги договориле личните услови за кои играчот од средниот ред би потпишал за италијанскиот шампион. Останува само двата клуба да се договорат за неговата цена.
Даглас Луис е на Вила Парк веќе три сезони, откако во 2019 година беше потпишан од Манчестер Сити за 16 милиони евра. Сепак, според Трансфермаркт, неговата цена е двојно повисока и Милан ќе мора да ја скрши банката доколку сака да го земе во своите редови.