Фудбал
Милан и Интер не сакаат да играат натпревари надвор од нивниот стадион
Вчера, претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, уште еднаш потврди дека работи напорно за да го врати фудбалот на Апенините.
Гравина прави се од себе за да ја продолжи сезоната во Италија кон крајот на мај или почетокот на јуни, бидејки пандемијата на коронавирус полека опаѓа, а враќањето на фудбалот во Италија се чини поблизу.
Тој најави дека може да се играат натпревари надвор од градовите во северна Италија (Милано, Бегамо, Бреша или Кремона), а во тој случај нивните натпревари би биле преместени во централниот или јужниот дел на земјата.
„Целиот систем ќе има корист од продолжението на сезоната. Многу е можно натпреварите да не се играат на северот на земјата. Нема да играме натпревари само во еден град, бидејќи 10 натпревари не можат да се играат на еден терен за време на викендот”, рече тој.
Сепак, предлогот да се игра на различни стадиони не го поддржуваат екипите на Интер и Милан. Тие нема да гласаат за ваква опција, според „Gazzette dello Sport“. Тие не сакаат да играат надвор од Џузепе Меаца и тоа би можело да биде проблем.
Исто така, некои клубови се жалат дека правилото од пет измени веројатно ќе биде воведено на еден натпревар. Во тој случај, Јувентус, Наполи, Аталанта, Интер и Рома наводно би имале предност затоа што нивните екипи биле изградени за многу натпревари и главниот противник на ова е Лацио.
Римскиот тим се бори да ја добие титулата. Тие дури се заканија со тужби доколку сезоната не продолжи и сметаат дека ја освоиле титулата, иако се на табелата зад Јувентус.