Фудбал
Милан и Интер се судрија на пазарот за дефанзивец на Тотенхем!
Милан и Интер ја имаат истата цел за јануарскиот преоден рок, а тоа е Хуан Фојт. Аргентинскиот талент не наоѓа простор во Тотенхем и „Мирор“ денес известува дека негова нова дестинација би можела да биде Милано.
Двете екипи од „Сан Сиро“ се заинтересирани за неговите услуги, но останува да видиме како ќе се одвиваат работите, бидејќи во моментов ова се само шпекулации.

Фојт му се придружи на Тотенхем летото 2017 година за скоро 9 милиони евра од Естудијантес. Минатата сезона 21-годишниот играч беше активиран на 12 натпревари од Покетино, но оваа сезона воопшто не најде простор и заминувањето изгледа реално.