Connect with us

Фудбал

Милан кон финализација на планот, еве ги бројките и деталите

Лидерите на „Росонерите“ и Барселона неодамна имаа состанок во Милано, а извештаите во медиумите велат дека преселбата на Жан-Клер Тодибо на „Сан Сиро“ е прашање на време.

Се очекува Милан да плати од 10 до 12 милиони евра за да го обезбеди потписот на Тодибо, кој ќе го носи „црвено-црн“ дрес на почетокот на јануари. Единствено прашање е прашањето за клаузулата за откуп на Барселона во иднина, при што двата клуба треба допрва да се договорат.