Фудбал
Милан на чекор до засилување, доаѓа заборавената ѕвезда на ПСЖ?!
Според италијанските медиуми екипата на Милан е на чекор до ангажман на фудбалерот на ПСЖ Јулијан Дракслер. Неговиот договор со францускиот тим му истекува по завршувањето на оваа сезона, а се уште нема најави дека ќе го продолжи. Милан сака да ја искористи оваа ситуација, кој е во пол позиција во однос на Севиља и уште неколку клубови од Англија.