Connect with us

Фудбал

Милан на тренинзи до крајот на неделата

Откако италијанската влада по бројните критики и притисоци ја смени одлуката и им дозволи на спортистите да имаат индивидуални тренинзи во нивните тренинг центри, бројни екипи почнаа да прават планови кога се во прашање подготовките за продолжение на сезоната.

Еден од тимовите во Италија кои први ќе се врата е Милан. „Росонерите“ планираат да ги стартуваат тренинзите во четврток, најдоцна од петок.