Фудбал
Милан не го дава врвот, титулата никогаш поблиску, не чекаат две пеколни кола во Серија А (ВИДЕО)
Милан славеше со 3:1 на гостувањето кај Верона и повторно е лидер со два бода предност пред Интер на две кола до крајот на сезоната. Верона поведе со голот на Фараони, но сепак во финишот на првиот дел Тонали измрани на 1:1 по додавањето и одличниот продор на Леао. Во вториот дел, по само неколку минути игра, иста комбинација, Леао одличен продор, уфрлување, на втора статива натрчува Тонали за 2:1. Верона по ова беше скршена, а Милан ја контролираше играта. Во 84-та минута Флоренци влезе во игра, а само три минути подоцна ги постави конечните 3:1.
На две кола до крајот Милан е прв со 80 бодови, а Интер има 78. Милан до крајот игра против Аталанта и Сасуоло, а Интер со Каљари и Сампдорија.
Standings provided by SofaScore LiveScore