Фудбал
Милан не застанува: Ѕвездата на Динамо го одбрал „Сан Сиро“, доаѓа и фудбалер на Јувентус
Според италијанските, но хрватските медиуми, ѕвездата на Динамо Загреб Дани Олмо, за кого има интерес од Барселона, Манчестер Јунајтед, го одбрал Милан. Наводно вредноста на трансферот е 40 милиони евра. По добрите игри во Лигата на шампионите во дресот на хрватскиот тим, Олмо го привлече вниманието на големите клубови, а за прв пат доби повик да настапи и за репрезентацијата на Шпанија. Тој потекнува од фудбалската школа на Еспањол и Барселона.
Но, како што пишуваат италијанските медиуми, Милан не застанува. Наводно наскоро во Милано би требало да допатува и фудбалерот за врска на Јувентус Емрен Џан. Тој не е регистриран за Лигата на шампионите кај Маурицио Сари, не играше ниту во Купот против Удинезе, а сака да остане во форма за да обезбеди место во дресот на Германија за ЕП оваа година. Милан го гледа како идеална дестинација за исполнување на целта.