Connect with us

Фудбал

Милан открива дека Стефан Ристовски можно е да се врати во Ријека!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски открива за хрватските медиуми дека постојано го провоцира неговиот брат Стефан да се врати во Ријека. Тренерот на „лавовите“ Рубен Аморим го пречкрта Ристовски, иако македонскиот десен бек со националниот тим избори пласман на Евро 2021, а ја одби понудата да се пресели пред нешто повеќе од еден месец во руски Динамо Москва.

„Јас постојано го провоцирам Стефан да се врати тука, а тој постојано само ми одговара: ‘малку ми фали’ (се смее)“, вели Милан, кој моментно е во рехабилитациска програма откако пред скоро два месеци го скрши скочниот зглоб и поради тоа ја пропушти завршницата од евроквалификациите со младата селекција, која за малку не стигна до пласман на ЕП.

Сениорскиот репрезентативец на Македонија од неодамна е заразен со Ковид-19 а откако беше префрлен во вториот тим на Спортинг, во Португалија на големо почна да се пишува за клубовите кои сакаат да го ангажираат во зимскиот преоден рок.

Инаку фудбалерот на Спортинг неодамна објави дека е заразен од коронавирус и тоа само еден ден откако го одигра мечот со Ерменија во последното коло од Лигата на нации.