Поврзи се со нас

Фудбал

Милан подобар од Интер во градското дерби

Милано, 17 октомври 2020 (МИА) – Тимот на Милан продолжува со максималниот ефект оваа сезона во Серија А, откако вечерва во градското дерби го победи Интер со 2:1.

Стрелец на двата гола за „росо-нерите“ беше Златан Ибрахимовиќ, додека погодокот за домаќинот на овој меч беше Ромелу Лукаку.

Трите гола беа постиганти во првото полувреме.

По четири кола Милан е лидер на табелата со 12 бода, Интер е на 6.место со седум бода. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама