Connect with us

Фудбал

Милан во трка по нашиот Алиоски

Алиоски често се поврзува со турски клубови, Галатасарај и Трабзонспор беа заинтересирани за него.

Македонскиот интернационалец Езџан Алиоски се наоѓа на списокот на Милан како потенцијалнои засилување на левата бековска позиција, пишуваат турските медиуми.

Италијанскиот великан Милан, кој сезонава по девет години пауза обезбеди настап во Лигата на шампионите загризал за македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски од Лидс, објави турски „Хабер 61“, близок до еден од гигантите во Турција, Трабзонспор.

Алиоски е втор македонски репрезентативец кој се поврзува со Милан, откако во 2019 година, Александар Трајковски, екс-играч на Палермо беше интерес на „росонерите“, но офанзивниот фудбалер се реши да замине во шпанска Мајорка, каде сѐ уште е член.