Фудбал
„Милер за Баерн е она што Октоберфест е за Минхен“
Баерн вчера, на задоволство на своите фанови, официјално ја продолжи соработката со Томас Милер.
Така, новиот договор Мулер треба да го задржи на Алијанц Арената до 2023 година.
Задоволен од веста дека Мулер го ставил својот потпис за нов договор, очигледно бил и претседателот на Баерн, Хербер Ханер.
„Ова е одлична вест, јас бев среќен што слушнав дека сè е договорено“, рече Хајнер и додаде:
„Мулер е херој, симбол на Баерн. Тој ја помина целата своја кариера овде. Во последните месеци игра како препороден. Тој му припаѓа на Баерн, исто како што Октоберфест му припаѓа на Минхен“.
Како момче, Мулер се придружил на младинскиот тим на Баерн, а „дипломирал“ во 2009 година, кога тој беше официјално промовиран во првиот тим.
Досега тој има одиграно 521 натпревари за првиот тим на Баерн, постигнувајќи 195 голови и забележа 186 асистенции.