Connect with us

Фудбал

Милевски дополнително ги повика Мирчевски и Бабунски за натпреварите со Финска и Азербејџан

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски дополнително прати повик за Мартин Мирчевски (Бачка Топола) и Дориан Бабунски (Дебрецен) за претстојните контролни натпревари против Финска (17.11) и Азербејџан (20.11).

Двајцата во понеделник ќе се стават на располагање на националниот тим.

Поради повреда, покрај веќе потврдено отсуство на Александар Трајковски, ќе отсуствува и напаѓачот Милан Ристовски.