Connect with us

Фудбал

Милевски: Македонија многу пати покажа дека може да биде конкурентна со силни селекции!

Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Украина, на „Епет“ арената во Прага, на прес конференција свои очекувања сподели селекторот Благоја Милевски.

„Не е потребно да се трошат зборови за квалитетот на Украина. Има играчи кои играат во топ клубовите. Од друга страна, Македонија многу пати покажа дека може да биде конкурентна со силни селекции. Ме радува нашата форма од септември и се надевам ќе ја задржиме. Утрешниот натпревар ќе биде различен од тој во Скопје. Доаѓаме во фаза двете селекции да се борат за втората позиција и само победа би ни одговарала. Очекувам отворен натпревар и допадлив фудбал. Мора да бидеме фокусирани за време на сите 90 минути, а не само 60-65 како што беше во Скопје. Имаме измени во тимовите од јуни, од тој аспект очекуваме да постои разлика од јунскиот дуел. Во составот нема да биде само Зајков, сите останати се здрави, се надевам така и ќе остане. Украинците во својот ростер има голем број на исклучително квалитетни играчи. Сметам дека нема да се почувстсвуваат одредени отсуства кај нив, вели Благоја Милевски.