Connect with us

Фудбал

Милевски не може да смета на Младеновски, неизвесен настапот на Руфати

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година отпатува за Фарски Острови каде што утре со почеток во 15 часот го игра натпреварот од 6. коло во квалификациската група за пласман на Европското првенство.

Селекторот Благоја Милевски за утрешниот натпревар во Торшавн нема да смета на Марио Младеновски, кој поради повреда не отпатува на гостувањето во Фарски Острови, а неизвесен е настапот на Агрон Руфати поради расекотина на аркадата.

–  Се соочуваме со одредени проблеми поради повреди на некои фудбалери, но тоа е нешто што мораме да го прифатиме. Овој дуел ќе биде сосема поразличен во однос на натпреварот со Шпанија, но и нова можност за играчите да го потврдат својот квалитет и потенцијал. Покажавме дека можеме да се спротивставиме на најдобрите и тоа ни дава за право сеуште да веруваме во добар пласман во групата. Сега ситуацијата е поинаква, противникот иста така, но останува обврската да одиграме најдобро што можеме и секако да се однесуваме дисциплинирано и професионално во играта и нашиот однос. Верувам во фудбалерите и се надевам на многу позитивни работи на утрешниот натпревар, истакна Благоја Милевски.

Мечот против Фарски Острови поради суспензија (жолти катрони) ќе го пропушти и капитенот Давор Здравковски. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com