Фудбал
Милевски по победата над Фарски Острови: Би сакал да ја сочуваме оваа енергија која не краси и во јуни!
Македонија забележа две победи на два одиграни мечеви во мартовскиот термин резервиран за репрезентативни настапи. Прво победа против Малта во квалификациите за ЕУРО 2024-та од 2:1, а потоа денеска на пријателски меч од 1:0 против Фарски Острови, во еден комбиниран состав и тоа со гол на Миовски во 81-та минута.
Селекторот Милевски вели дека е задоволен од двете победи, но посакува оваа енергија, како што вели, ја има во тимот да ја задржат и во јуни кога следуваат квалификациските мечеви со Украина и Англија.
„Ако подвлечеме линија после овие два натпревари, без разлика што овој денешниот беше пријателски, можам да бидам задоволен, пред се од пристапот на играчите, енергијата, желбата. Сето тоа прави една добра база за тоа што не очекува во јуни“, изјави Милевски.