Connect with us

Фудбал

Милик чека трансфер во Лондон?

По четири години во Наполи, Аркадиуш Милик се чини дека се соочува со нови предизвици.

Последниве денови, италијанските медиуми честопати известуваат за заминување на големиот Полјак од Наполи. Оттогаш се споменуваат Јувентус, Милан, Атлетико Мадрид и Челзи.

Челзи има одличен ас во ракавот за разлика од другите конкуренти. Тоа е Џереми Боги. Позајмениот фудбалер на Челзи е брилијантен во дресот на Сасуоло.

На контроверзниот Аурелио Де Лаурентис не би му пречило Челзи во трансферот на Милик да го вклучи Боги, кој веќе успеа да постигне осум гола и четири асистенции на 24 натпревари во Серија А.

Главната причина зошто Наполи се брза да го продаде 26-годишниот напаѓач е фактот дека тој одби да го продолжи договорот, па клубот од југот на Италија не сака да го изгуби бесплатно.