Фудбал
Милинковиќ-Савиќ му донесе ЛШ на Лацио, па потоа откри каде ќе игра следната сезона
Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигна вистински еврогол на мечот против Каљари, со кој е еден од најзаслужните за пресвртот и победата од 2:1 со која Лацио по 13 години пауза обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Милинковиќ-Савиќ е еден од најбараните фудбалери на Лацио, пред се интерес сериозен има од ПСЖ, Манчестер Јунајтед, но и Интер.
Сепак, тој веднаш по мечот даде изјава и откри каде ќе игра следната сезона.
-Имам важечки договор, а мојот агент ќе се потруди за останатото. Останувам тука и ќе играм Лига на шампиони. Од секогаш ми беше цел со Лацио да играм ЛШ и ете, ми се оствари. Убаво ми е тука и останувам, изјави Милинковиќ-Савиќ.