Други спортови
Милитантно и политичка порака – Жесток напад врз Ѓоковиќ од Франција: Ова да не се повтори! (ВИДЕО)
Потегот на Новак Ѓоковиќ и пораката што ја напиша пред камерата по победата над американскиот тенисер Александар Ковачевиќ во првото коло на Ролан Гарос и понатаму е главниот детал на вториот Грен слем сезонава.
За текстот „Косово е срцето на Србија, престанете со насилството“ со денови се зборува во различни делови на светот, а последната личност од низата луѓе што се огласи е француската министерка за спорт, Амели Удеа-Кастера. ! Иако организаторите на турнирот јасно ставија до знаење дека нема да го казни Ѓоковиќ, сепак, поради тоа што се случи по мечот на централниот терен на комплексот во Париз, се огласи поранешната тенисерка, а сега министерка!
🔴🗣 "Il ne faut pas que ça se reproduise"
Amélie Oudéa-Castéra tacle Novak Djokovic après son message politique sur le Kosovo à #RolandGarros . #Les4V @AOC1978 pic.twitter.com/ZcKqDmLVF0
— Telematin (@telematin) May 31, 2023
Нејзиното мислење е дека овој потег на српскиот тенисер е несоодветен за голем турнир и дека мора да има принцип на неутралност на терените, што значи дека го осудува чинот.
„Кога пренесуваме пораки кои се за одбрана на човековите права, пораки кои ги собираат луѓето околу универзалните вредности, спортистот е слободен да се изрази“, смета таа. Но, таа оцени дека тоа не било така во оваа прилика – оцени дека пораката на Ѓоковиќ пред камера е „милитантна“, „многу политичка“ и „инцидент што не смее да се повтори“!