Connect with us

Кошарка

Милвоки мора да стори нешто невидено за да се пласира во финалето

Орландо, 5 септември 2020 (МИА) – Темни облаци надвиснаа над иднината на Милвоки Бакс. Тимот со најдобар биланс во регуларниот дел од сезоната се соочува со огромен неуспех откако го загуби третиот последователен натпревар во својата серија со Мајами Хит. „Жешките“ го добија мечот бр.3 со 115:100 по разорните 40:13 во последната четвртина, обезбедувајќи победа од 3:0 во полуфиналната серија. На Мајами му треба само уште еден успех за да се пласира во финалето на Источната конференција за прв пат од 2014 година.

Приказната не е на страната на Јанис Адетокумбо и Милвоки. Никогаш порано тим што заостанувал со 0-3 во плејоф-серијата не успеал да го сврти резултатот и да продолжи понатаму. Никогаш порано од 139 случаи во историјата на плејофот во НБА. Џими Батлер и неговите соиграчи се уште немаат пораз во плејофот, но Јанис е убеден дека неговиот тим може да победи во следните четири натпревари. Неговиот соиграч Џорџ Хил е на исто мислење.

– Тука можеме да напишеме историја. За прв пат играме во „меур“. За прв пат, една екипа може да сврти серија од 0-3. Треба само да веруваме во себе и да не мислиме дека сезоната е завршена, изјави Џорџ Хил по натпреварот бр.3.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com