Фудбал
Минхенскиот кошмар на Барселона продолжува, Баерн го казни арогантниот Левандовски (ВИДЕО)
Баерн Минхен победи со 2-0 против Барселона во натпреварот од групата Ц од Лигата на шампионите.
Баварците погодија на почетокот на вториот дел со головите на Лука Ернандез и Лерој Сане. На овој начин Баерн ја забележа деветтата победа во последните 12 натпревари против „блауграните“.
Каталонците одиграа крајно арогантно офанзивно и пропуштија многу чисти шанси пред голот на Мануел Нојер особено во првото полувреме. Само Роберт Левандовски во првите 45 минути направи три одлични промашувања пред голот на својот поранешен соиграч.