Connect with us

Фудбал

„Минималец“ за Сити во Лондон и огромни плус осум

Манчестер Сити го совлада Брентфорд во Лондон со 1:0 во 20. коло од англиската Премиер лига.

Еден гол им беше доволен на граѓаните да стигнат до три бода, а на почетокот на 2022 година имаат осум бодови пред Челзи и девет од Ливерпул во трката за титулата.

Сити имаше среќа на отворањето на натпреварот. Едерсон и Кансело двапати ги спречија домашните да постигнат гол, а во 16. минута гостите поведоа. Фил Фоден погоди за водство од 1:0.

Никој не ни претпоставуваше дека ова ќе биде единствениот гол вечерва, но на крајот тоа се случи.

Сити имаше уште неколку добри ситуации за да го реши проблемот со победникот. Кевин де Брујн создаде многу добри позиции за себе и за своите соиграчи, но изостана реализацијата.

Сепак, на крајот најважно за избраниците на Пеп Гвардиола е што освоија нови три бода, што им дава голема предност во однос на конкуренцијата на почетокот на новата 2022 година.