Фудбал
Минимална победа на Атлетико, Шахтар избегна пораз од Динамо
Атлетико Мадрид ја оствари втората победа во Лигата на шампионите совладувајќи го Баер Леверкузен со 1:0 на домашен терен.
Единствениот гол вреден три бода за домашната екипа го постигна Аловаро Мората во 78. минута од натпреварот.
Динамо Загреб остана непоразен на гостувањето кај Шахтар. Со резултат од 2:2 екипите си ги поделиа бодовите.
Резултатот го отвори Конопљанка во 16. минута од натпреварот и му донесе водство на домашната екипа од 1:0.
Олмо во 25. минута од натпреварот постигна гол за гостите од Загреб и го изедначи резултатот на 1:1.
Во 60. минута од натпреварот Орсиќ од пенал му донесе водство на гостинската екипа од 1:2.
Сепак Шахтар успеа да остане непоразен на домашен терен. Во 75. минута од натпреварот Додо ги постави конечните 2:2.