Фудбал
Миралем Пјаниќ се сели во Премиер лигата?
Миралем Пјаниќ би можел да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.
Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Јувентус е подготвен да го продаде Пјаниќ во летниот преоден рок, а интересот за неговите услуги е голем.
Пјаниќ повторно се поврзуваше со можна преселба во ПСЖ, кој го сакаше и пред две сезони, а „Калчомеркато“ тврди дека репрезентативецот на БиХ сепак би можела да замине во Англија.
Наводно, лондонскиот Челзи покажува интерес за него. „Плавите“ бараат засилување за следната сезона и подготвени се да потрошат 60 милиони евра за Пјаниќ.
Останува да видиме дали Пјаниќ навистина ќе ја продолжи кариера во англиската Премиер лига, а интересно е што тој беше поврзан со преселбата во Манчестер Јунајтед пред неколку години, но ништо од тоа не се случи
Миралем Пјаниќ е член на Јувентус од 2016 година и има одиграно 167 натпревари за тимот од Торино и постигна 22 гола.