Connect with us

Ракомет

Миркуловски: Македонија после Кире Лазаров нема светла ракометна иднина

Во интервју за „Балкан Хендбол“, Филип Миркуловски меѓудругото зборуваше и за иднината на македонската ракометна репрезентација откако и Кире Лазаров ќе замине во пензија.

„Слушам некои приказни дека и по Кире Лазаров ќе имаме светла иднина, ќе можеме да се пласираме на Европски и Светски првенства, но не верувам во тоа. Кога Кире ќе се повлече, ќе биде тешко воопшто да се пласираме на големо натпреварување“, вели Миркуловски.

„Ќе ни биде тешко и поради новиот систем на квалификации за СП. Сите сакаме да биде најдобро, но реалноста не е светла. Немаме ракометар кој би го заменил Кире на неговата позиција. Во следните четири години ќе мора да се потпреме само на Талески и Кузмановски, ќе биде многу тешко да се оствари некој позначаен резултат“.