Connect with us

Фудбал

Мирор: Сане нема да оди во Минхен

Напаѓачот на Манчестер сити, Лерој Сане нема да замине во Баерн Минхен, јавуваат британските медиуми.

Претходно беше објавено дека напаѓачот е близу до трансфер во германскиот шампион. Сепак, тој доби сериозна повреда на предниот лигамент на коленото. Според „Мирор“, после тоа германскиот клуб одби да го ангажира 23-годишниот играч.

Сити претходно се обиде да го убеди Сане да потпише нов договор. Поради сериозната повреда преговорите исто така беа прекинати.

Сане оваа сезона играше само во мечот за англискиот Суперкуп против Ливерпул, каде беше повреден. Се очекува тој да паузира најмалку шест месеци.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com