Фудбал
Миротиќ го носи Касиљас во САД
Поранешниот голман на Реал Мадрид и легенда на шпанската репрезентација, Икер Касиљас, наводно го избрал клубот во кој ќе ја продолжи својата кариера. Иако во претходните месеци се поврзуваше со трансфер во Премиер лигата откако интерес за него покажаа Ливерпул и Њукасл, актуелниот чувар на мрежата на Порто кариерата ќе ја продолжи во САД.
Касиљас е подготвен да ја прифати понудата на Чикаго Фајр, тим во кој досега настапуваше Бастијан Швајнштајгер.
Интересно е што Касиљас во Чикаго ќе се пресели по интервенција на кошаркарот Никола Миротиќ кој е близок пријател на шпанскиот чувар на мрежата.