Connect with us

Фудбал

„Мислев дека на 35 години ќе ловам риба на Мадеира“

Кристијано Роналдо вчера го прослави својот 35. роденден.

Легендарниот Португалец, без никакви дилеми, е еден од најдобрите фудбалери што некогаш се појавил на фудбалската сцена, а на 35-годишна возраст тој продолжува да игра на највисоко ниво.

Сепак, Роналдо никогаш не ни претпоставуваше дека ќе го достигне ова ниво. Тој го призна ова во интервју за португалскиот весник А Бол.

„Кога бев дете, мислев на 35 години дека ќе ловам риба на Мадеира. Никогаш не знаев дека ќе играм таму каде што играв и дека ќе освојам се што освоив“, рече Роналдо.

Иако тој во својата кариера има освоено се’, освен Светското првенство, сепак Роналдо не размислува да запре. Сега неговата цел е да ја освоиме Лигата на шампионите со Јувентус.

„Шестото финале во Лигата на шампионите? Можно е. Фактот што играм за Јувентус ми дава шанса повторно да го освојам трофејот. Сепак, тоа е тешко натпреварување, но имаме одличен тим. Да одиме чекор по чекор“, рече Роналдо.

И оваа сезона, Кристијано е навистина фантастичен. Тој се појави на 29 натпревари и постигна 22 гола за „Старата дама“ од Торино.