Фудбал
„Мислев дека Роналдо ќе оди во Арсенал, но тогаш Фергусон му понуди нешто што никој не го нема понудено“
Кристијано Роналдо премина од Спортинг во Манчестер Јунајтед летото 2003 година за 19 милиони евра.
Роналдо играше многу добро во клубот од Лисабон и го привлече интересот на многу европски клубови. Сепак, тој на крајот реши да избере да замине во Манчестер Јунајтед и подоцна се покажа дека донел одлична одлука.
Неговиот агент Хорхе Мендес откри за англиските медиуми дека Јунајтед и Арсенал биле најсериозните кандидати во тоа време. „Топџиите“ дури беа во преговори со нив, но на крајот Роналдо ја донесе одлуката да замине на „Олд Трафорд“.
Мендес објасни дека мислел дека Роналдо ќе го избере Арсенал, но откако разговарал со Сер Алекс Фергусон, се премислил и потпишал за „црвените ѓаволи“ неколку дена подоцна.
„Секогаш велам дека тренерот е крајно најважната работа во секој трансфер. Кристијано е одличен пример за тоа. Го бараа многу клубови, но сите сакаа да го вратат една сезона подоцна во Спортинг на позајмица. Само еден беше спремен веднаш да го стави во својот тим, тој беше Фергусон. Нема сомнение дека тогаш тоа беше најдоброто решение за него. И му реков дека Јунајтед е идеално решение за него и се покажа дека е тоа беше права одлука“, рече Мендес.
Роналдо одигра 292 натпревари во дресот на Јунајтед и постигна 118 голови. Тој се пресели во Реал Мадрид во летото 2009 година, а Јунајтед доби дури 94 милиони евра.