Фудбал
Мислите дека Роналдо е стар? Погледнете ги резултатите од лекарски прегледи
Јувентус ова лето го донесе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за 105 милиони фунти, што спрема мислењето на многумина е премногу голема бројка за некој кој е 33 години, дури и ако тоа е Роналдо.
Сепак, во Јувентус знаеја што прават и всушност донесоа еден фудбалер кој има биолошка структура на 20-годишник. Во неговото тело, Роналдо има само седум проценти масти, а половина од неговото тело е мускулна маса, тоа беше потврдено од медицинските прегледи.
Фудбалерите обично имаат околу 10 или 11% маснотии во телото, додека нивната мускулна маса обично не надминува 46%. Роналдо е исклучок.
Покрај тоа, Кристијано Роналдо постигна спринт од 33,98 km / h на Светското првенство, најбрз од сите играчи кои играа во Мундијал во Русија, а од многумина е постар десет години.
Повеќето фудбалери на возраст од 33 години размислуваат за крај на нивната кариера, но се очекува дека Кристијано Роналдо ќе одигра најмалку две, три, можеби дури и четири години на највисоко ниво.