Други спортови
Мистериозен српски сликар бара 380.000 евра за портретот на Новак: Масло на плех вреден како стан
Еден уметник го објави своето дело на платформата Купи-продај, поточно портрет на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, кој чини 380.000 евра.
Техниката е масло на плех , а Ѓоковиќ е насликан во кошула, со џемпер и вратоврска.
Покрај понудата за ова дело, овој уметник од Јагодина, кој се потпишува како „Слава Маркани“, во својата колекција има и дело во кое Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се во романтична екстаза и како се гушкаат и бакнуваат.

На овој свет веројатно има обожаватели на Новак Ѓоковиќ кои би го купиле ова дело, но прашање е дали би издвоиле толкава сума на пари, што е доволно за да купат луксузен стан во центарот на Белград на ексклузивни локации како Врачар и самиот центар.
Погледнете сами како изгледаат фотографиите од уметничките дела во галеријата пред вас:
