Connect with us

Кошарка

Митревски: И да не ја доиграме сезоната, летото да го искористиме за тренинзи

Објавено:

Најмладиот кошаркар репрезентативец на Македонија, Андреј Митревски, кој се најде на поширокиот список на селекторот на сениорскиот национален тим, беше најдобриот, најефикасниот играч на Македонија на Европското кадетско првенство во Италија.

Сезона во која настапуваше на три кошаркарски нивоа. Освен она репрезентативното, со македонската кадетска селекција, како играч на Феникс 2010 паралелно играше во Втората лига, но и во една „повозрасна категорија“, лигата за играчи под „Под 18“ години.

Андреј потенцира и една добра работа…

„Првиот месец од карантинот го искористив, пред се, за одмор. И тоа беа денови испонети со многу сон, онлајн учење, квалитетна исхрана и едночасовен фитнес-стречинг во вечерните часови. Веќе после Велигден, почнав секојдневно да работам и со топка на училишното кошаркарско игралиште во мојата населба“.

Како си задоволeн од оваа сезона?

„Сезонава започна убаво, доста добро. Со јуниорската репрезентација, или според ФИБА стандардите, У18, го освоивме турнирот во Бугарија. На клубски план со КК „Феникс 2010“ бевме на високото второ место во Втората сениорска лига. И со нетрпение го очекувавме плеј-офот, за да се избориме за посакуваното финале кое ни обезбедуваше место во Првата лига. Во јуниорската лига, како и секоја претходна сезона, бевме на врвот на табелата во регуларниот дел. Но за жал не ги дочекавме завршните натпревари“.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама