Ракомет
Митревски на местото од Бауер во Порто?!
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е чекор поблиску до Порто откако португалскиот првак денеска ја прекина соработката со Томас Бауер. Од вчера редовниот учесник во Лигата на шампионите е во потрага по нов квалитетен голман.
Оваа информација ја потврди самиот голман, кој на социјалните мрежи напиша:
„Кога ќе се затвори една врата, се отвора друга. Пред мене има нов предизвик“.
34-годишниот голман за Порто одигра 86 натпревари, во своите две сезони минати во Португалија.
Пред една седмица Никола Митревски го најави своето заминување од редовите на Еурофарм Пелистер, по само една сезона одиграна за битолскиот суперлигаш откако се врати од Романија и потпиша за Еурофарм Пелистер и настапуваше со екипата во СЕХА Лигата и Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Македонија настапи на последните големи натпреварувања на ЕП и СП.