Поврзи се со нас

Фудбал

Мицевски: Не чувствувам притисок, секој фудбалер сака да настапи за својата земја

Македонските херои се наоѓаат пред уште еден тест. Репрезентацијата на Ерменија е наш следен противник.

Селекторот Игор Ангеловски за утрешниот меч со Ерменија во Лигата на нациите повика неколку нови играчи, а меѓу нив и Дарко Мицевски.

28-годишниот играч за врска во пресрет на дуелот во Никозија вели дека не чувствува никаков притисок дека доколку добие шанса за настап ќе треба да ги менува Елмас, Барди, Адеми…

„Не чувствувам притисок од тоа што ќе мора да ги заменам Елмас, Адеми или Барди во средниот ред. Можеби само позитивна трема. Сепак, за секој фудбалер е огромна чест да биде дел од националниот тим, посебно и од тим кој обезбедил настап на Европско првенство. Мора да признам дека се чувствувам одлично и тука сум да помогнам. Ова е само втор повик за мене и ќе се потрудам да ја искористам шансата. Иако ќе играме со комбиниран состав верувам дека секој од нас ќе го даде максумумот за да дојдеме до посакуваната цел“ – изјави Дарко Мицевски пред денешниот тренинг во Никозија.

loading...

Facebook