Connect with us

Фудбал

Младата фудбалска репрезентација поразена од Гибралтар

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (играчи до 21 година), претрпе неочекуван пораз од Гибралтар во квалификациите за Европското првенство 2019 година. На натпреварот кој се играше во Фаро, Португалија, македонските младинци и покрај комплетната доминација во текот на целиот меч, загубија од соодветната селекција на Гибралтар со 1-0 полувреме 0-0.

Бадијала беа бројните шанси и удари кон голот на домаќините, кога во единствената можност Грбралтар преку Граеме Тореља во 64.минута го постигна единствениот гол на мечот за втор пораз на црвено-жолтите во овие квалификации.

Претходно во првиот меч од седмата група, Австрија како гостин убедливо со 5-0 ја победи Ерменија. Во тек е дербито меѓу Србија и Русија, а резултатот на полувремето е 2-2.

Табела: Русија 7 бодови (3 одиграни натпревари), Ерменија 7 (4), Австрија 6 (3), Србија 6 (2), Гибралтар 3 (6) и Македонија 3 (3).

Во следното коло, на 14 ноември, Македонија ќе биде домаќин на Австрија.