Други спортови
Младата Украинска тенисерка која пред два дена со објавата го потресе светот, најде мир во Франција (ФОТО)
Големата украинска тенисерка Дијана Јастремска ја напушти татковината и најде мир во Франција откако Украина се соочи со руската инвазија.
Јастремска, тенисерка која пред година и пол беше 21. тенисерка во светот, пред два дена го потресе светот со објавата дека мора да ја напушти својата од војна разурнатата татковина на барање на нејзините родители. 21-годишната тенисерка ја напушти Украина заедно со помалата сестра. Таа пред два дена објави се на социјалните мрежи заедно со тажна порака.
“Откако поминаа две ноќи на подземен паркинг, моите родители решија по секоја цена да ме испратат мене и сестра ми од Украина. Мамо, тато, многу те сакаме и чувајте се. Ја сакам мојата земја. Украинци, спасете ја нашата земја“, напиша таа, пред два дена . Сепак, со нови најави, тенисерката изјави дека сега е безбедна во Франција и се заблагодари на земјата што ги прифатила неа и нејзината помала сестра.
„Уморна, но јас и сестра ми сме безбедни. Благодарам Франција. Украина, остани силна. Ми недостига мојот дом, мама и тато“, вели Јастремска во новата објава на Инстаграм.
Украинската тенисерка и се заблагодари на Романија за пречекот и одличниот третман, бидејќи преку оваа земја стигна и до Франција.