Connect with us

Фудбал

Младиот Норвежанец не се враќа во Реал, туку се сели во Италија?

Според пишувањата на шпанска „Марка“, 21-годишниот Норвежанец, Мартин Одегард следната сезона ќе игра во Серие А. Иако претходно се појавија информации дека Зидан ќе го врати во Реал, бидејќи сака да го подмладува тимот, сепак играчот за врска кој во моментов е позајмен на Реал Сосиедад, можно е да го облече дресот на „Росонерите“.

Наводно италијанскиот тим нуди 40 милиони евра за трансфер на Одегард.